Осимен херој, Галатасарај го прегази Трабзон и го освои трофејот во Купот на Турција

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Галатасарај со одиграа одличен натпревар и славеа победа од 3-0 против Трабзонспор.

Истанбулскиот гигант така уште еднаш го потврди својот статус на најуспешен клуб во турскиот фудбал, освојувајќи го рекордниот 19-ти трофеј во ова натпреварување.

Херој на финалето беше Виктор Осимен, кој со два гола стави печат на триумфот, но подеднакво блескав беше и Керем Акгун кој беше асистент за сите три погодоци.

Натпреварот започна фуриозно за „жолто-црвените“, кои поведоа уште во петтата минута. Јилмаз беше стрелец по прецизно проигрување од Акгун. Галата не ја намали агресивноста и во вториот дел, кога на сцена стапи Осимен.

Нигерискиот напаѓач двапати ја тресеше мрежата, најпрво во 46. минута, а потоа и во 63 и во двете ситуации по додавања од расположениот Акгун, кој дефинитивно беше мозокот на нападот.

Со овој триумф Галатасарај направи уште еден чекор кон историска двојна круна, а викендов може и официјално да ја завери титулата и во турската Суперлига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×