Осимен го прекина молкот: Во Наполи ме третираа како куче!

by 24 фудбал
1 минути читање

Виктор Осимен е лидерот на Галатасарај во трката по нови трофеи, а во Лигата на шампионите турскиот гигант го очекува пресметка со Јувентус во првата нокаут фаза.

Нигериецот откри дека бил многу блиску до трансфер во Јуве додека бил член на Наполи, но таквиот договор бил практично невозможен. Голгетерот зборуваше и за конфликтот со Наполи по промашениот пенал и контроверзното видео на клупскиот тикток профил.

Имаше премногу лаги, неисполнети ветувањаа. Сепак, врската целосно пукна откако промашив еден пенал, а потоа видеото беше постирано на клупскиот тикток-канал. Следеа бројни критики, расистички навреди, се и сешто и стана јасно дека не можеме да продолжиме заедно. Потоа се измислуваа работи, дека сум доцнел на тренинзи, дека сум се тепал со соиграчи, ноторни лаги за да се стави дамка на моето име.

На крајот, Конте по доаѓањето ме викна и ми рече дека сум му потребен. Му се заблагодарив и му реков дека сепак одлуката е донесен и не можам да останам во клуб што ми направи толку лоши работи за кратко време. Имавме џентлменски договор со клубот да ме пушти да заминам налето, ама тие не го исполнија целосно. Се обидоа да ме пратат било каде за да играм, ме третираа како куче. Оди ваму, оди таму, прави го ова, прави го тоа…“, обелодени Осимен.

Осимен беше еден од најдобрите играчи во Италија, меѓутоа на крајот направи изненадувачки трансфер во Галатасарај каде што претходно беше и позајмен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×