28
Фудбалерите на Осасуна го изненадија Реал Мадрид и славеа со 2-1 (1-0) во натпреварот од 25. коло на шпанската Ла Лига.
„Кралевите“ допатуваа во Памплона како лидер во првенството на Шпанија, меѓутоа таа улога ќе ја загубат ако Барселона утре го победи Леванте, а важи за огромен фаворит.
Резултатот на „Естадио Ел Садар“ беше отворен во 38 минута од средбата со голот на Анте Будимир од белата точка (1-0).
Во продолжението Реал успеа да се врати до егал, откако гол постигна Винисиус Жуниор ов 73 минута. Сепак, тука не беше крајот, бидејќи во 90 минута Гарсија донесе победа и големо славје за Осасуна.