Oсасуна немоќна, Барселона победи за „плус три“ пред Реал! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Eкипата на Барселона ја оправда фаворитската улога и вечерва славеше победа против Осасуна во одложениот натпревар од 27. коло во шпанската Ла Лига.

Барселона рано го отвори резултатот и поведе преку Феран Торес по само 11 минути игра.

Продолжи каталонскиот гигант да биде подобар противник на теренот и по водството, па набрзо видовме и втор гол.

Дани Олмо се избори за пенал, а голманот на Осасуна прво го одбрани неговиот удар, сепак откако пеналот беше повторен поради влегување на фудбалер на Осасуна прерано во шеснаесетникот Олмо реализираше.

Во продолжение Барселона сигурно го чуваше водството и конечните 3-0 ги постави Роберт Левандовски во 77. минута. Полскиот голгетер не беше во стартниот состав вечерва и во игра влезе девет минути пред да се запише во листата на стрелци на местото на Феран Торес.

Барселона со овој триумф дојде до 63 бода на врвот на табелата и го остави Реал Мадрид зад себе со 60, Атлетико е трет со 56.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани