Манчестер сити го доби дербито од 27. коло во Премиер лигата и на домашен терен славеше против Њукасл со 2-1.
Херој на „граѓаните“ беше младиот Нико О’Раjли кој постигна два погодоци и му донесе нови три бода на тимот на Пеп Гвардиола. Сити ја впиша третата последователна победа во шампионатот и испрати јасна порака во трката за титулата.
Тимот од Манчестер максимално го искористи киксот на лидерот Арсенал во Вулверхемптон и му се доближи на само два бода разлика со ист број одиграни натпревари. Притисокот сега е целосно префрлен на „топџиите“ пред дербито со Тотнем, а дополнителна тежина носи и меѓусебната пресметка меѓу Сити и Арсенал која е закажана за 18 април.
Делува дека започнува препознатливиот финиш на тимот на Гвардиола, период во кој Сити традиционално ја крева формата и решава првенства. Доколку ја задржи оваа динамика, актуелниот шампион ќе ја има судбината во свои раце.
Њукасл, пак, останува на 10. позиција со 36 бодови и за нов настап во Лигата на шампионите ќе мора да бара алтернативен пат до елитата.