Операција и крај на сезоната: Арсенал пред двомечот со Реал Мадрид остана и без Габриел

by bojan
1 минути читање
Габриел

Микел Артета доби лоши вести пред пресметката против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, Арсенал ќе мора без Габриел, за кого сезоната е завршена.

Габриел многу рано го заврши натпреварот против Фулам во средата и денеска беа потврдени најцрните сценарија.

Дефанзивецот мора да операција за да ја санира повредата на задната ложа и тоа ќе значи крај на сезоната.

„Габи во следните денови ќе направи операција и веднаш ќе почне со процесот на опоравување, целта е да биде подготвен за стартот на следната сезона. Сите во Арсенал ќе му дадеме целосна поддршка за што побрзо да се врати во полн фитнес“ – гласеше известувањето на клубот од Северен Лондон.

Ова се лоши вести за Микел Артета пред двомечот против Реал Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампиони. „Топчиите“ ги пречекуваат „кралевите на 8. април на Емирати, додека пак реваншот е на „Бернабуе“ на 16. април.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани