„Операција 200“, планот на Реал Мадрид како да дојде до Пол Погба

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед ја зголеми цената на Погба на 200 милиони фунти, „Црвените ѓаволи“ не сакаат да слушнат за помала сума, но кој ќе ја достави бараната сума ќе го добие фудбалерот.

Реал Мадрид има план кој го нарекуваат „Операција 200“. Тоа е продажба на барем тројца од пет фудбалери со цел да се соберат средства за да се купи Погба.

Фудбалерите кои би можел Реал Мадрид да ги продаде се Герет Бејл, Хамес Родригез, Дани Себаљос, Марко Асенсио и Иско.

Реал Мадрид има проблем да го продаде Бејл кој не е во планoвите на Зидан, но поради богатиот договор Велшанецот не сака да мрда од Бернабеу. Клубот прави напори да го продаде, а како заинтересиран се појавува Тотнем.

Хамес Родригез долго време се поврзува со Наполи, а за можна дестинација се споменува и Атлетико Мадрид.

Иско и Асенсио исто така се ставени на пазарот со цени од по 80 милиони евра. Екипите од Манчестер се интересираат за нив, но има и други клубови кои ги сакаат.

Дани Себаљос е мета на Арсенал, иако се поврзува и со Тотнем.

Реал Мадрид веќе потроши голема сума во овој преоден рок ангажирајќи ги Азар, Јовиќ и Милитао. Поради финансиски баланс неопходен за финансискиот ферплеј, шпанскиот гигант треба и да продава ако сака да го ангажира и Погба. Токму поради тоа е направен планот „Операција 200“ кој треба да се реализира во наредниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×