Опенда не можеше да го промаши ова, гол првенец во Серија А и триумф на Јуве над Рома (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Јувентус го доби дербито против Рома во Торино, „старата дама“ славеше со 2-1 и се доближи на -1 до топ четири пласман.

„Волчицата“ е во мала резултатска криза, вечерва го забележа и третиот пораз на последните четири натпревари во Калчото, загуби на гостувањето кај Јувентус.

Во едно мирно прво полувреме, резултатот беше отворен во 44. минута, Консеисао прецизно биеше по земја на подалечната статива за 1-0.

Продолжението донесе повозбудлив натпревар, а домаќините ја дуплираа предноста во 70. минута, Луис Опенда не можеше да ја промаши оваа шанса и ја затресе празната мрежа за својот гол првенц во Серија А и предност од 2-0.

Пет минути подоцна Балданци намали на 2-1, но тоа беше се што направи Рома, во финишот од мечот Јувентус можеше да поведе и со 3-1, но ударот на Јилдиз заврши во рамката од голот.

Со оваа победа, „старата дама“ дојде на -1 до топ четири пласман, додека пак „волчицата“ може да се најде и во негатива од шест бода во однос на лидерот.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×