Онана нема да се предомисли, го фаќа авионот за дома

by
1 минути читање

На големо изненадување на сите, Онана не се појави на мечот против Србија иако важи за убедливо најдобриот камерунски голман.

Излегоа информации дека се скарал со селекторот и тој не го ставил во составот за мечот против Србија.

Наводно Ригоберт Сонг барал од Онана да го промени стилот на бранење, а голманот одбил да го стори тоа, по што настанала расправија меѓу двајцата.

Онана се почувствувал навреден од целата ситуација и донел одлука да си замине од Светското првенство. Потврдено е дека тој ќе лета до Париз, а од таму ќе фати авион за Јаунде, главниот град на Камерун.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани