Онана како да се препороди: Освен што добро брани, намести и гол за Трабзон (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Камерунскиот голман Андре Онана летово го напушти Манчестер Јунајтед и направи трансфер во Трабзонспор, а почетокот во турскиот клуб му е одличен, барем на личен план.

Минатата недела имаше осум интервенции на дербито против Фенербахче, а синоќа повторно блесна и беше меѓу најзаслужните што Трабзон освои бод на домашен терен против Газиантеп. Гостите поведоа во 39. минута преку Родригес, но домаќините успеаја да израмнат во 70. минута со голот на Онуачу и така да избегнат пораз.

Интересно беше што Онана беше директен асистент на голот за Трабзонспор, бидејќи прими една топка и истрча далеку од својот гол, па го проигра соиграчот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×