Пепе како
слободен играч замина од Мадрид откако не успеа да пронајде заеднички јазик со
управата на Реал за продолжување на соработката.
Двете страни
никако не можеа да постигнат согласност за должината на новиот договор.
Дефанзивецот бараше тоа да биде најмалку две годишен договор, додека пак
„Кралевите“ му нудеа опција 1+1.
Португалецот
потоа флертуваше со Интер и ПСЖ, но не успеа да се договори ниту со овие два
гиганти.
На крајот Пепе го
најде она што го бараше во Бешикташ, вечерва тој потпиша со шампионот на
Турција.
Се говори дека
договорот е со трајнот од две години, плус опција за уште една додатна.
Пепе од
двегодишната загарантирана авантурата во Турција може да заработи и до 15
милиони евра.
Ќе има плата од 4,5
милиони евра по сезона, ќе добие бонус од 3 милиони евра зошто пристигна како
слободен играч, како и уште 3 милиони евра во бонуси кои ќе бидат поврзани
со настапите и успехот кој ќе го забележи.