Започнува европската авантура за најдобрите македонски клубови од ланската сезона – Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички се враќаат на сцена и тоа на меѓународната..
Шкендија вечерва го игра првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против велшки ТНС, додека во четврток ќе настапат и претставниците во Конференциската лига, Вардар, Силекс и Работнички.
По повод стартот на европските натпревари, со поддршка се огласи и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
„Време е за европски предизвици!
Од мое лично и од име на Фудбалската федерација на Македонија им посакувам многу среќа и успех на македонските клубови, Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички во натпреварите од Европските купови на УЕФА“, напиша Омерагиќ.
Вардар ја пречекува Ла Фиорита на домашен терен, додека Силекс и Работнички ќе гостуваат кај Дечиќ и Торпедо.