Омерагиќ едногласно избран за претседател на ФФМ

by Стефан
0 минути читање

Maсар Омерагиќ кој во изминатите три месеци ја извршуваше функцијата привремен претседател на ФФМ на денешното редовно собрание беше потврден неговиот четиригодишен мандат.

Во декември минатата година Омерагиќ беше избран на вонредно собрание на ФФМ, а сега доби мандат и ќе ја води федерацијата во наредните четири години.

На собранието денеска тој беше избран како единствен кандидат.

Сите присутни 65 делегати од вкупно 66 ја дадоа својата поддршка за Омерагиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани