Oмерагиќ до Ангеловски: Јогуртот во маркет трае подолго од твоите клупски ангажмани!

by Стефан
1 минути читање

По вчерашниот напад од поранешниот селектор Игор Ангеловски, денеска стигна одговорот и од првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.

На критиката на Ангеловски вчера реагираше и Пандев, а денеска Омерагиќ го направи тоа на брифингот со новинарите.

„Човечки, културно и спортски е да се посака среќа и успех. Кога бирате селектор имате десет кандидати и на крајот избирате еден тренер. Ангеловски некои свои лични амбиции ги стави пред репрезентацијата. Би сакал да каже кои се моите интереси затоа што работам без надомест. Некоректно беше вака да се реагира, можеше барем да почека. Тоа кажувам за него, му посакувам добро здравје, но и да поработи на тренерските способности бидејќи јогуртот во маркет трае подолго од неговите последни клупски ангажмани“, рече Омерагиќ.

„Исто така не сакам и да се претвори во ѕвездда на месецот, тоа што кажа дека сме стаорци негово си е. Ние знаме кои сме и што сме“.

„Лично двапати му се јавив и му кажав дека размислуваме за него. Се одлучивме за нова енергија. Ни одговои дека би работел пак во федерацијата и дека ќе ја поддржи нашата одлука јаввно“, дополни претседателот на ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×