Ла Лига и официјално го отстрани Дани Олмо од тимот на Барселона.
Картичката на шпанскиот репрезентативец од денеска не е помеѓу фудбалерите на Барселона на официјалната страна на Ла Лига, а исто така ја нема ниту онаа на Пау Виктор.
За разлика од нив вратена е картичката на дефанзивецот Андреас Кристенсен кој претходно не беше регистриран и бидејќи беше повреден Барселона ја искористи ситуацијата да го регистрира Олмо.
Олмо засега ја чека разврската на ситуацијата и верува дека Лапорта ќе успеаа да најде решение.