Дани Олмо продолжува да тренира со Барселона и покрај тоа што нема регистрација, фудбалерот се надева на позитивен исход од целата мешаница која настана во последните денови од 2024 година.
Изминативе денови, од таборот на Барселона постојано порачуваа дека нема простор за паника и дека Дани Олмо ќе биде регистриран за продолжението од сезоната, но судот го одби барањето на „каталонците“ за вонредна мерка, а потоа и Ла Лига го одби барањето за регистрација поради нецелосна документација.
Па Дани Олмо вчера беше избришан од листата на регистрирани фудбалери и во моментов има многу прашалници за неговата иднина.
Тој и понатаму тренира со Барселона, но како што стојат работите, без валидна регистрација, тој не може да настапува во шпанското првенство, ниту пак во Купот/Суперкупот, Лигата на шампионите, па ниту за репрезентацијата на Шпанија.
Дани Олмо се надева дека целата оваа мешаница ќе заврши со позитивен исход и тој ќе продолжи да го носи дресот на „каталонците“, во спротивно ќе биде приморан да ја активира клаузулата која му овозможува да стане слободен играч и беспари да потпише со друг клуб.