Оливер Кан ги посочи најголемите разочарувања во составот на Германија

by
1 минути читање

Германија не само што испадна уште во групната фаза, туку заврши на последното место зад Шведска, Мексико и Јужна Кореја. Јавноста е полна со критики, а кон нив се приклучи и Оливер Кан.

„За мене најголемо разочарување се Кедира и Озил. Во првиот меч беа незабележителни, во вториот ги седнаа на клупа надевајќи се дека тоа ќе ги мотивира. Во средата повторно беа на теренот, добија шанса но не ја искористија. Кедира и Озил се двајца од најискусните во селекцијата, но одиграа под сите очекувања“, изјави Озил.

„Причина може да биде и лошиот квалитет на Бундеслигата, ако порано можевме да се мериме со англиската и шпанската лига, сега сме послаби и од француската, можеби сме подобри само од италијанската“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани