567
Репрезентацијата на Франција подобро шутираше пенали од Хрватска (5-4) и откако анулира негатива од два гола се пласира на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на нациите.
На овој натпревар кој се одигра на „Сент Дени“ во Париз домашната екипа успеа да направи нешто што не ѝ успеало 18 години.
Мајкл Олисе во 52. минута погоди директно од слободен удар. Тоа беше прв погодок директно од ваков тип на прекин за Французите уште од Жером Ротен во квалификациите за Европското првенство во 2007 година против Исланд.