Сезоната во
Серија А очигледно ќе биде прекината, попладнево средба одржа Олимпискиот
комитет на Италија, на кои присуствуваа преставници од сите спортови и било
одлучено да се прекинат сите спортски активности до 3. април.
Првиот човек на
ОКИ, Џовани Малаго за ваквата одлука го известил Премиерот, Џузепе Конте и
Министерот за Спорт, Винченцо Спадафора.
Но за одлуката да стапи
на сила, Премиерот и Владата ќе треба да издадат нов декрет, бидејќи според
сегашниот може да се игра без публика.
Ситуацијата во
Италија е прилично тешка, од коронавирусот се заразани преку 7.000 луѓе а
животот го загубија 366 лица. Во карантин се десетина области, односно околу 16
милиони луѓе имаат ограничено движење.