Во Франција и натаму е актуелна темата која настана по
ситуацијата помеѓу Кавани и Нејмар, во однос на тоа кој да го изведе пеналот на
мечот против Лион во тамошниот фудбалски шампионат.
Според информациите кои ги пренесе „Л’Екип“, се вели
дека Нејмар се извинил до соиграчите за тој инцидент, сепак, судирот на
двајцата фудбалери на ПСЖ донесе и малку комична ситуација на социјалните
мрежи.
Олимпик Марсеј се обиде да го истрола својот ривал во
Франција, но на крајот доби брутален одговор по кој се чини дека нема повторно
да се задева со ПСЖ.
„Судир во Олимпик Марсеј… ‘Ти изведи го
пеналот’, ‘Не, ти
изведи го!’, ‘Не, ти!’…“ напиша тимот
од Марсеј, на што доби и „реплика“ од ПСЖ.
„Дали сте виделе некој од нивните фудбалери во
противничкиот казнен простор? Никогаш. А се надеваат дека ќе добијат пенал…“
возврати тимот од Париз.