Олимпијакос е пред преселба во втора лига, наместил натпревар!?

by
1 минути читање

Се работи за дуелот меѓу Олимпијакос и Атромитос кој славниот клуг го добил со 2-1, наводно тој натпревар бил наместен.

Според грчките медиуми веќе е почната постапка против Олимпијакос и Атромитос, против газдите на клубовите, но и против португалскиот тренер Рикардо Са Пинто и уште десет други лица, меѓу кои и фудбалери. Сите осомничени за корупција и местење на фудбалски натпревар.

Независната етичка комисија при грчката фудбалска федерација бара најстрога казна, а тоа е двата клуба да одат во понизок ранг и да платат по три милиони евра, а инволвираните лица побарана е доживотна забрана за работа во фудбалот. 

Грчкиот фудбал веќе долго време го тресат скандали, неодамна во центарот на вниманието беше ПАОК, сега е Олимпијакос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×