Некогашниот најдобар македонски фудбалер, моментално член на
казахстанска Астана, Агим Ибраими е се поблиску до враќање во словенечкиот
шампионат, и тоа во неговиот поранешен клуб, Олимпија.
Денес, истиот
медиум повторно пишува за нашиот фудбалер, притоа додава дека Ибраими не е
единствената желба во моментов на Олимпија, туку и искусниот 30 годишен играч
од средниот ред на Целје, Горан Цвијановиќ, некогашен репрезентативец на
Словенија.
Ибраими и дефинитивно си заминува од Казахстан, откако
28-годишниот офанзивен крилен фудбалер одигра само 11 натпревари во кои
постигна само еден погодок за Астана.
Тетовецот и натаму котира одлично на трансфер пазарот,
неговата вредност според „Трансфермаркет“ изнесува 1,3 милиони евра.
Сепак, нашиот фудбалер е обврзан со својот клуб во договорот
кој трае до 2018 година, па останува да се види како ќе течат преговорите меѓу
Олимпија и Астана, односно дали би имало и спогодбен раскин на договорот.
Она што е сигурно, Олимпија гради тим за следната сезона кој
ќе може да ја врати шампионската титула, годинава не успеа во одбраната на
истата, па така сака да креира квалитетен тим во однос на годинешниот шампион
Марибор.
Како
за потсетување Ибраими беше член и на Марибор, со кого играше во Лигата на
Шампионите.
Олимпија речиси сигурно ќе игра во Лига Европа следната
сезона, барем според моменталната ситуација на табелата во словенечкиот
шампионат на две кола до крајот на првенството.