Олеснителна околност за „Кралевите“, Атлетико Мадрид без Феликс на дербито

by
1 минути читање

Реал Мадрид е во
победнички налет, откако тимот на Зинедин Зидан забележа низа од шест
последователни победи во сите конкуренции, а лидерот во Примера ќе има
олеснителна околност за пресметката со својот голем градски ривал во сабота.

Како што
известуваат од Шпанија, Атлетико Мадрид на дербито на „Сантијаго Бернабеу“ ќе
настапи без еден од своите најдобри поединци во составот, Жоао Феликс.

Португалецот беше
оневозможен да тренира во текот на вчерашниот ден, а истото се случи и денеска
откако се здоби со повреда во ремито на „Јорганџиите“ против Легањес без
голови.

Од Атлетико
Мадрид барем до овие моменти не се произнесоа околу тоа колку би паузирал 20
годишниот офанзивец кој одлично се адаптираше во Шпанија, иако претпоставите
велат дека повредата не е од посериозен карактер.

Како и да е, „АС“
известува дека Симеоне на тренинзите оваа седмица веќе имал одредени тактички
замисли кои ги „скенирал“ за време на тренинзите, па останува да се види како
ќе ја подготви формацијата со Кореа, Витоло, Лемар и Мората во офанзивната
игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×