ГФК Охрид Лихнидос ги започна активностите на трансфер пазарот и демонстрира амбиција за исчекор кон највисокото натпреварување во македонскиот фудбал.
Лидерот во Втората лига официјално го потврди ангажманот на искусниот Благоја Спиркоски, кој во Охрид пристигнува од редовите на Кожуф. Станува збор за фудбалер со богато искуство, кој треба да донесе дополнителна стабилност и квалитет во составот за пролетниот дел од сезоната.
Спиркоски зад себе има повеќе од 150 настапи во Првата македонска лига, а во својата кариера го носеше дресот на Победа, Македонија ЃП, Пелистер, Гостивар и Тиквеш, што го прави едно од позвучните имиња во второлигашката конкуренција.
Од охридскиот клуб веќе потврдија дека се продолжени договорите со дел од клучните фудбалери, а најавуваат дека во следниот период ќе бидат промовирани и нови засилувања, со јасна цел да се избори пласман во елитата на македонскиот фудбал.