Охрид немаше милост за Победа, ѝ даде десет гола! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фаворитите беа сигурни на денешните натпревари од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а најубедлив беше Охрид кој со 10-0 ја совлада Победа.

Охриѓани можеби и налутени по поразот од Осогово во претходното коло, немаа милост за Победа која едвај скрпи тим за да настапи во вториот дел од сезоната.

Охрид победи со 10-0, а за Победа ова беше петти пораз во низа. За прилепчани нема спас, речиси сигурно ќе отидат ниво подолу во македонскиот фудбал.

Скопје ја прекина победничката низа на Осогово, со 2-0 го совлада кочанскиот тим и ја оправда улогата на фаворит.

Победа од 2-0 славеше и Брегалница која на гости го совлада Новаци, Беласица забележа исто така гостинска победа, струмичкиот тим со 1-0 победи кај Детонит во Плачковица.

Саса со 1-0 го победи Вардар Неготино, Кожуф со 3-1 славеше во Преспа, а Тетекс со 3-0 ја совлада Слога во Виница.

Утре Шкендија Арачиново му гостува на Големо Коњари.

Резултати:

Охрид – Победа 10-0
Скопје – Осогово 2-0
Новаци – Брегалница 0-2
Детонит – Беласица 0-1
Саса – Вардар Неготино 1-0
Преспа – Кожуф 1-3
Слога Виница – Тетекс 0-3
Утре: Големо Коњари – Шкендија Арачиново

Можно е и ова да ти се допаѓа

×