173
Екипата на Охрид денеска со 2-0 ја совлада Слога Виница и на првото место ќе презими во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).
Охрид како голем фаворит допатува во Виница на дуелот со претпоследната екипа на табелата и таа улога рутински ја оправда. Гостите го отворија резултатот во финишот од првиот дел, а со уште еден погодок во вториот дел, само го потвдија триумфот.
Голеада имаше во вториот денешен натпревар кој се играше во Прилеп каде што Тетекс славеше над Големо Коњари со 6-2.
На врвот на табелата Охрид сега има 36 бода, бод повеќе од Шкендија Арачиново и три од Брегалница на третата позиција.