Огромната сума од ТВ правата прават проблем за Англичаните, Премиерлигата продолжува пред празни трибини?

by
2 минути читање

Премиерлигата
одново ја разгледува опцијата да се играат преостанатите натпревари пред празни
трибини, во обид да се заврши актуелната сезона според програмата, иако таа
малку изостана од истата.

Се шпекулира дека
очекувањата се сезоната да продолжи во мај, иако тоа е неизвесно за очекување, но токму тој месец е предвиден на
последниот состанок кој се одржал во текот на вчерашниот ден, меѓутоа
неизвесната ситуација со Ковид-19, кој сериозно навлезе и на Островот, речиси
сигурно дека ќе наложи и нови одлагања.

„Не знам како мислат да ја завршат сезоната… според мене фудбал не може да се игра дури до 2021 година!“

Опцијата да се
игра пред празни трибини е подобра опција на Островот за која се разгледуваат
сите можни сценарија, а секако дека и таквата ќе подложи на реакции од јавноста
поради загрозување на здравјето на фудбалерите и стручните штабови, како и
останатите вработени.

Примарен фактор
во целата ситуација е од финансиски карактер, а ТВ правата се најголемиот
проблем кај Премиерлигашите во моментов, доколку не биде во можност да ја
заврши сезоната, Премиерлигата ќе биде приморана да им врати на радиодифузерите
762 милиони фунти, со оглед на рокот и термините кои се во договорите, а
компании како „Скај“ и „БТ“ губат многу без фудбалот на нивните програми,
истовремено властите се уште не декларираа дека фудбалот мора во целост да биде
стопиран годинава.

Како и во другите
првенства, непредвидлива е ситуацијата и во Премиерлигата, ситуацијата налага
во случај фудбалер доколку се зарази со Кови-19, целиот тим да оди во карантин
14 денови, а „Индипендент“ во својата вест на крајот заклучува дека многу
извори сведочат дека секакви планови да се игра фудбал во една ваква криза
паѓаат во вода, а тоа не би се случило дури до јуни, месец кој се наведува како
најреален период.

Премиерлигата е
суспендирана до крајот на април, а германскиот виролог од институтот „Бернард
Нохт“ во Хамбург, јавно се одзва на прашањето кога би продолжиле фудбалските
возбудувања, тој не даде позитивни вести за годинава, наведувајќи дека воопшто
не е реално сценариото во вакви услови да се очекува сезоната да биде завршена
годинава.

За крај, вреди да
се издвојат и деталите од состанокот на фудбалските власти во Англија на кое
беше утврдено дополнителено време за да сезоната биде комплетирана, со тоа што
дојде до промена на едно важно правило во регулативата на ФА, кое налагаше
крајот на сезоната да не биде подоцна од 1 јули, а токму ова правило нема да
важи за актуелната сезона, со што дополнувањето гласи – неопределено време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×