Ограда падна врз Македонец на фудбалски натпревар во Австралија! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот со македонско потекло од Мелбурн, Дарси Атанасовски, кој настапува за Мелбурн Најтс, можеше сериозно да се повреди за време на мечот против Мелбурн Србија.

Инцидентот се случи додека го прославуваа голот на Лука Колиќ во гужвата падна заштитната ограда врз Атанасовски.

Како последица од инцидентот, тој заработи повреда и мораше да биде заменет. По инцидентот, навивачите на домашниот тим алармираа дека оградата мора да се поправи, бидејќи тоа не е првпат да се случи вакво нешто.

Инаку во прашање беше натпревар на екипи кои се формирани од српски и хрватски колонии, Атанасовски исто така живее во Мелбурн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×