Хајдук го мина
Левски во втората рунда квалификации од Лига Европа, дома славеше со 1-0,
додека пак на вчерашното гостување на реваншот во Софија обезбеди триумф од
1-2, но не беше се така сјајно за Хрватите во Бугарија…
„Фудбалерите на
Хајдук патуваа 40 минути од хотелот каде што беа сместени, до стадионот. Истата
оддалеченост ден претходно ја минаа за седум минути. Полицијата ги „прошета“
околу градот, па се постави прашањето дали воопшто ќе стигнат на натпреварот“ пишува
хрватски „24часа“.
„Фудбалерите на
Хајдук пристигнаа на стадионот во Софија, но задоцнија на загревањето, дали е
во прашање фрекфентен сообраќај, безбедносни ризици или пак бугарски игри“ се
прашуваат од Хрватска.
Сепак, не беше само „патешествието“ проблем кое фудбалерите на Хајдук го доживеаја во Софија.
За тоа како мина
ноќта за фудбалерите на Хајдук, погледнете во видеото, кое доволно говори како фановите на Левски се
погрижија противничките фудбалери да не можат да преспијат мирно во хотелот каде беа сместени.
Фото-вест: HNK Hajduk Split (Twitter)