Огнено крштевање за Елмас во Серија А, во прво коло гостува кај Фиорентина, во второ кај Јувентус

by
1 минути читање

Новата сезона во Серија А започнува викендот на 24 и 25 август, Јувентус одбраната на титулата ја стартува на Енио Тардини и дуел со Парма. 

Македонските фудбалери добија пеколни противници на стартот. Елиф Елмас ќе има огнено крштевањ во Калчото, Наполи во првото коло ќе гостуваат кај Фиорентина, а веќе во второто е големото дерби против Јувентус.

Горан Пандев на стартот гостува со Џенова кај Рома, а потоа следи уште еден тежок дул, во второто коло се среќава со Фиорентина на домашен терен.

Удинезе и Илија Несторовски во првите две кола играат дома, најпрво го пречекуваат Милан а потоа имаат дуел со Парма.

Првото македонско дерби е во 11. коло кога Горан Пандев ќе го нагости Илија Несторовски. Веќе следното коло капитенот на Македонија гостува кај својот поранешен клуб Наполи и ќе се надигрува со Елиф Елмас.

Во 15. коло пак Елиф Елмас гостува кај Илија Несторовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×