79
Наполи не го дава
врвот во Серија А, вечерва на домашен терен избранците на Сари триумфираа во
дуелот со Милан.
Лошата
поставеност на последната линија и неуспешните офсајд замки се покажаа како
кобни за „Росонерите“.
Резултатот беше
отворен во 33. минута, Инсиње доби една долга топка од Жоржињо и го совлада
Донарума за 1-0. Судијата го крена знаменцето за офсајд, но со помош на ВАР
погодокот беше признат.
Во 73. минута Зелински
беше тој кој ја избегна офсајд замката, биеше низ нозете на Донарума и донесе
2-0.
Во првата минута
од судиското надополнување, Ромањоло со удар од 25. метри постигна само почесен
гол бидејќи веќе немаше време за Милан да направи нешто повеќе.