230
Герет Саутгејт и Франческо Калцона ги открија адутите за осминафиналната пресметка во Гелзенкирхен, Англија со една измена, Словачка со проверени сили.
„Трите лава“ не блескаа во групната фаза, многу критики пристигнаа на адреса на Герет Саутгејт и барања за промени во составот.
Селекторот на Англија сепак се реши да не експериментира премногу и во стартниот тим единствено ново име е Коби Мејно, кој ќе игра покрај Деклан Рајс на средината од теренот.
Франческо Калцона пак се реши за проверени сили и играчите кои имаа најголема минутажа во Германија.
STARTING XI #EURo2024 #England #Slovakia pic.twitter.com/1BRurgWvHJ
— SPF (@SportsFootballx) June 30, 2024