224
Жоао Феликс и официјално замина во Ал Наср. Португалецот стави потпис на двегодишен договор до 2027 година.
Ал Наср и Челси постигнаа целосен договор за трансфер вреден 30 милиони евра, плус бонуси и значајна клаузула за процент од следна продажба која може да достигне до 50 милиони евра.
„Тука сум за да шириме радост! Ајде да победуваме заедно“, изјави Феликс на промоцијата заедно со новиот спортски директор на клубот, Симао Кутињо.
Португалецот се збогува со Челси по кратката позајмица и се пресели во Ал Наср, каде ќе игра заедно со Кристијано Роналдо.