Официјално: Влатко Андоновски е нов селектор на светскиот шампион, ќе ја води женската селекција на САД

by
1 минути читање

САД важи за најдобрата фудбалска репрезентација кога е женскиот фудбал во прашање, а тие од денеска имаат нов селектор во македонскиот стратег Влатко Андоновски.

„Со големо задоволство му посакуваме добредојде на Влатко во нашата фамилија. Како еден од најдобрите тренери во историјата на НВСЛ (Националната женска фудбалска лига), тој е докажан дека може да им помогне на најдобрите светски фудбалерки да го достигнат својот нависок потенцијал, да го инспирира тимот и да освојува титули. Тој е високо почитуван меѓу фудбалерките и лидерите во нашето фудбалско опкружување и тој има етички начин на работа и победнички менталитет да ја однесе најголемата женска фудбалска програма во историјата на нејзино следно ниво на успех“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на САД, Карлос Кордеиро.

43-годишниот Андоновски веќе седум сезони е главен тренер на екипи од НВСЛ, има освоено две шампионски титули со Канзас Сити. Два пати беше именуван за најдобар тренер во лигата. Тој веднаш ќе започне со новата работа.

„Огромна чест е ова, многу сум возбуден, со нетрпение чекам да почнам да работам со оваа групна на фудбалерки и стручен штаб и да го продолжам успехот на оваа програма. Сите талентирани тренери и играчи кои беа тука пред мене изградија легендарна традиција и јас ќе работам многу напорно за да го продолжам тоа“, изјави новиот селектор Влатко Андоновски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×