Официјално: Вејн Руни ќе биде играч и тренер во Дерби!

by
1 минути читање

Вејн Руни ќе ја доигра сезоната во МЛС и потоа ќе се врати во Англија каде ќе го носи дресот на Дерби во Чемпионшип лигата, но ќе биде и тренер во стручниот штаб на Филип Коку.

„Дерби Каунти со задоволство соопштува дека рекордниот стрелец на Англија, Вејн Руни ќе се приклучи на клубот од јануари 2020“, стои во соопштението на клубот.

Вејн Руни стави потпис на договор со траење од 18 месеци со опција за продолжување на уште една година.

Тој ќе биде играч, но ќе биде и тренер, ќе му биде помошник на Филип Коку.

„Многу сум возбуден за можноста што му ја даде Дерби. Среќен сум што ќе му се приклучам на Филип Коку, на неговиот стручен штаб и првиот тим. Сигурен сум дека ќе можам да дадам голем придонес и со нетрпение очекувам да ги запознаам сите, особено навивачите. Исто така сум возбуден што ќе ја почнам мојата тренерска кариера во Дерби работејќи со првиот тим и академијата“, изјави Вејн Руни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×