1,K
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар промовира ново засилување за втората полусезона на ПМФЛ.
Црвено-црните доведоа нов голман, а тоа е Давор Талески. 29-годишникот доаѓа од редовите на Шкендија каде што беше од 2022 година.
Талески има доста искуство во ПМФЛ, досега бранел на 165 натпревари и 57 пати ја сочувал својата мрежа. Во кариерата освен за Шкендија голманот бранеше за Победа, Струга, Пелистер, Металург, 11 октомври, како и финска Хонка и грчка Лариса.
Во Вардар тој ќе се бори за првотимски статус со ветеранот Филип Гачевски.