Ајакс постигна договор со Милан за позајмица на 19 годишниот шведски крилен напаѓач Максимилијан Ибрахимовиќ. Договорот важи до крајот на актуелната сезона и вклучува опција за откуп, потврдија од амстердамскиот клуб.
Планот на Ајакс е младиот фудбалер да тренира со првиот тим, додека на почетокот настапите ќе ги има за Јонг Ајакс. Ибрахимовиќ има договор со Милан до летото 2027 година и веќе редовно тренира со сениорскиот состав на италијанскиот гигант.
Неговиот менаџмент разгледувал повеќе опции во Холандија, но по разговорите со неколку клубови, фудбалерот на Милан Футуро се одлучил за Ајакс, најмногу поради јасниот план за негов развој.