Официјално: Свилар стави потпис на нов договор со Рома, Србинот останува на Олимпико!

by riste
1 минути читање

Рома објави дека ја продолжува соработката со голманот Миле Свилар до 2030 година, српскиот голман реши да остане на Олимпико и покрај интересот од други клубови.

Свилар се поврзуваше со можно заминување од Рома, но неговата иднина е во овој клуб.

„Рома со задоволство може да соопшти дека Миле Свилар го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2030“, стои во соопштението на Рома.

Свилар во Рома дојде по барање на Жозе Мурињо, но вистинската минутажа ја доби откако Португалецот замина од клубот.

Србинот во минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×