148
Рајо Ваљекано преку соопштение потврди дека се разделува со тренерот Мичел. Поразот од Виљареал ја прели чашата па раководството ќе се обиде со друг тренер да ја фати последната сламка на спасот.
Македонскиот голман, Столе Димитриевски кога ќе се врати во Шпанија по репрезентативната должност ќе ја почне работата со новиот тренер на Рајо кој треба да биде назначен во наредните денови.
На десет кола до крајот на сезоната Рајо Ваљекано е на претпоследното место со шест бодови зад Виљареал кој првиот тим над зоната за испаѓање.