Официјално: Стадионот на Ајакс ќе се вика „Јохан Кројф“

by
0 минути читање

Како што и претходно се најавуваше, стадионот на Ајакс од денеска има ново име, „Јохан Кројф“.

Клубот одлучи Амстердам Арената да добие име по најголемата фудбалска легенда на овој клуб, Јохан Кројф кој почина мината година на 68 годишна возраст.

Јохан Кројф потекнува од школата на Ајакс и дури 11 години од својата фудбалска кариера го носеше дресот на славниот холандски клуб. Три години работеше и како тренер.

Кројф како играч со Ајакс дури осум пати беше шампион во Холандија, три пати беше првак на Европа и еднаш го овои УЕФА Супер Купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани