По доаѓањето на клупата на Манчестер јунајтед, Солскјер го препороди тимот и оствари фантастични резултати, како награда за тоа раководството му даде договор.
„Манчестер јунајтед соопштува дека сегашниот тренер и поранешен напаѓач, Оле Гунар Солскјер е назначен за перманентен тренер на тригодишен договор“, стои во соопштението на клубот.
Откако го замени Мурињо, Солскјер оствари осум победи по ред, вкупно има 14 победи и две нерешени средби од 19. Тој го елиминираше ПСЖ од Лигата на шампионите и закажа четвртфинале со Барселона.
„Од првиот ден откако дојдов се чувствував како дома во овој посебен клуб. Беше чест да се биде играч на Манчестер јунајтед, а потоа да бидам тренер тука. Изминатите неколку месеци беа фантастично искуство и сакам да им заблагодарам на сите тренери, играчи и стручниот штаб за работата која ја направија досега. Ова е работа за која отсекогаш сонував и возбуден сум што имам шанса долгорочно да го водам тимот и се надевам дека ќе испорачам континуиран успех кој нашите неверојатни фанови го заслужуваат“, изјави Солскјер.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.