Шкупи денеска го презентираше повремениот македонски репрезентативец, Кире Ристески.
„Летниот преоден рок го донесе следното засилување на нашиот тим со комплетирање на анкажманот на крилниот напаѓач Кире Маркоски кој денес потпиша договор за една година и го облече бело-синиот дрес на ФК Шкупи“, стои во клупското соопштениие.
Маркоски вели дека високите амбиции на клубот се причината поради која се одлучил да потпише за Шкупи.
„Како прво, сакам да им се заблагодарам на претседателот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност. За време на многуте разговори што ги водевме, ми ги презентираа своите идеи, целите и амбициите на клубот. Токму желбата и амбициите на клубот за успех во домашното првенство како и на европската сцена беа причините зошто решив да потпишам за ФК Шкупи. Како прво, верувам дека под водство на тренерот Седлоски можеме да стигнеме до Плеј-офот во Конференцијата и да ги исполниме целите на клубот. Среќен сум за враќањето на навивачите на трибините, познавајќи ги нашите навивачи, Шверцерите од претходните средби, верувам дека тие ќе бидат нашиот дванаесетти играч и им ветувам дека ќе го дадам максимумот и дека заедно ќе се радуваме во големи успеси“, изјави Маркоски.