87
Александар Мишов е ново име во нападот на Силекс. Дваесет и седумгодишниот офанзивец пристигнува во Кратово од Тиквеш и треба да донесе поголема ефикасност во редовите на сино црвените.
Мишов зад себе има богата кариера и сериозно искуство. Во Македонија го носеше дресот на Академија Пандев и Борец, а имаше интернационални предизвици и во Самтредија од Грузија, Етар од Бугарија и Туран од Казахстан.
Кратовци веруваат дека со неговото доаѓање ќе добијат дополнителна сила во офанзивата и играч кој може да направи разлика во клучните моменти од сезоната.