Официјално: Шпанија му го продолжи договорот на Де ла Фуенте

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанскиот фудбалски сојуз го потврди најавеното и го продолжи договорот со селекторот Луис де ла Фуенте.

Човекот кој ја одведе селекцијата на Шпанија до трофејот на Европското првенство ја има довербата на федерацијата и потпиша нов договор за продолжување на уште две години. Бидејќи актуелниот му беше валиден до 2026 година, Де ла Фуенте потпиша до крајот на Европското првенство кое ќе се одржи во 2028.

Репрезентацијата на Шпанија овој селектор ја презеде во декември 2022 година и ги освои Европското првенство и Лигата на нациите.

Претходно Де ла Фуенте работеше и како селектор на Шпанија У21 и олимписката селекција на „црвената фурија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани