Официјално: Серж Гнабри е ново засилување на Баерн Минхен

by
0 минути читање

Баерн Минхен потврди дека Гнабри ќе биде нов фудбалер.

„Среќни сме што Серж Гнабри ќе биде уште еден млад германски репрезентативец кој доаѓа во Баерн Минхен. Тој добро се разви во Бремен“ – изјави претседателот на клубот, Карл Ханц – Румениге.

„Голема чест е што ќе бидам дел од Баерн Минхен. Очекувам возбудлив период“ – изјави Гнабри.

Гнабри постигна 11 голови за Вердер минатата сезона и беше најдобар стрелец за олимписката германска селекција во Бразил која го освои сребрениот медал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани