Официјално: Серхио Бускетс се врати во Барселона

by Стефан
1 минути читање

Еден од најголемите играчи во историјата на Барселона, Серхио Бускетс, повторно е дел од каталонскиот клуб. Но, овојпат нема да истрча на теренот како фудбалер, туку ќе работи како помошник-тренер на вториот тим.

Барселона официјално потврди дека 38-годишниот Бускетс ќе биде дел од стручниот штаб на екипата предводена од Џулијано Белети. Во исто време, легендарниот шпански играч за врска ќе работи на стекнување на потребните тренерски лиценци.

За Бускетс ова е прв професионален ангажман откако ја заврши играчката кариера. Тој последната сезона ја помина во Интер Мајами, каде што повторно играше заедно со своите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Луис Суарез и Жорди Алба.

Бускетс во Барселона помина неверојатни 18 години. Во младинската академија пристигна во 2005 година, а само три години подоцна доби шанса во првиот тим. За каталонскиот гигант запиша дури 722 настапи со што е веднаш зад Меси и Чави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×