Официјално: Седлоски е нов тренер на Шкупи

by
1 минути читање

Гоце Седлоски денеска стави потпис на едногодишен договор со Шкупи, тој е дури четвртиот тренер на чаирскиот тим оваа сезона, претходно во клубот беа Бајрами, Каран и Озер.

„Би сакал даа им се заблагодарам на челнците на клубот кој ми ја укажаа оваа доверба. Разговаравме и во текот на зимава, тогаш не најдовме заеднички јазик, но сега успеавме да се договориме и еве тука сум, во Шупи“, вели Седлоски.

„Знам дека многу се инвестира во овој клубо, донесени се бројни засилувања, но искрено јас познавам само двајца или тројца од играчите од времето кога бев во Вардар“.

„Престојните шест меча до крајот на сезоната се добра можност за докажување, сите ќе почнат од нула, ќе добијат шанса да докажат колку вредат. Целта е на највисоко ниво да ја одиграме сезоната до крај, а потоа да почнеме со проектот кој јас и управата го имаме замислено“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×