148
Санчез синоќа пристигна во Милано, денеска ги помина медицинските тестови и стави потпис на договор со Интер.
Чилеанецот во Интер ќе биде на едногодишна позајмица, дел од платата ќе покрива италијанскиот клуб, а дел ќе остане обврска на Манчестер јунајтед.
Нејасно е дали Интер има опција да го откупи целосно по завршувањето на позајмицата, некои медиуми пишуваат дека се работи за чиста позајмица без опција за откуп.
Ова е враќање на Санчез во Серија А, тој претхдно играше за Удинезе каде ја стекна главната промоција.