Рома го промовира новото засилување за офанзивниот дел од тимот. „Волчицата“ потпиша со Дониел Мален кој доаѓа од редовите на Астон Вила.
Трансфер формулата е позајмица со право на откуп. За позајмицата Рома плати два милиони евра, а опцијата е да го купи Холанѓанецот за 25 милиони евра. Оваа опција може да стане и задолжителна ако се исполнат одредени услови.
Дониел Мален беше дел од Астон Вила една година, откако клубот го купи за 25 милиони евра од Борусија Дортмунд претходната зима. Оваа сезона холандскиот фудбалер одигра 29 натпревари, постигна седум погодоци и подели две асистенции.
Претходно во кариерата Мален беше дел од Борусија Дортмунд, и ПСВ Ајндховен, а како младинец смени овеќе клубови меѓу кои и Арсенал.