Вардар по завршувањето на сезоната ќе остане без својот најдобар играч Роџерс Мато. Репрезентативецот на Уганда, и покрај желбата на скопскиот клуб да го задржи, кариерата налето ќе ја продолжи во Шкотска.
Хартс официјално потврди дека постигнал договор со крилниот напаѓач, кој во јули ќе се пресели во новата средина како слободен фудбалер. Мато се договорил за тригодишна соработка со шкотскиот клуб.
„Одушевени сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со репрезентативецот на Уганда, Роџерс Мато кој ќе стане играч на Хартс ова лето. 22 годишникот доаѓа во јули по истекот на неговиот договор со македонски Вардар и ќе потпише тригодишна соработка“, стои во соопштението на Хартс.
Во изминатиот период трансферот на Мато беше тема на бројни шпекулации. Хартс покажа интерес во зимскиот преоден рок и испрати понуда од 350000 евра, но од Вардар побараа 1500000 евра за неговите услуги.